Градоначалникот Мерко учествуваше на Kонференција за политиките кои ги спроведува САД во Западен Балкан

- Локални
595

Вчера во Тирана се одржа конференција за Политиките кои ги спроведува САД во Западен Балкан каде што беа поканети многу познати политчки фигури како и експерти и аналитичари од целиот Балкан и пошироко, меѓу нив и Градоначалникот на Општина Струга,  Г-дин Рамис Мерко.

Некои од клучните теми на кои се дискутираше на конференцијата беа Политиките на САД во динамичен меѓународен систем и нивните придонеси за безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан, како и соработката меѓу САД и ЕУ за процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ.

Градоначалникот Мерко после конференцијата се сретна и со познатиот американскиот експерт Даниел Сервер, Директор Академик за управување со конфликти на Универзитетот „Џон Хопкинс” и истиот го покани да ја посети Општина Струга.

Извор: Општина Струга

Facebook Коментари