Време-Облачно и студено со врнежи од дожд

- Македонија
225

Днеска ќе преовладува облачно и студено време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 11 степени. Утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, на места пообилни, особено во југоисточните делови. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари