Време: Облачно и студено со врнежи од дожд и снег

- Македонија
642

Денеска во Македонија ќе преовладува облачно и студено време со повремени врнежи кои во западните делови ќе бидат претежно од снег. Во попладневните часови, врнежите ќе бидат од снег во поголем дел од земјава, а на југоисток ќе има врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни. На места ќе се формира и снежна покривка. Утринските температури ќе бидат 4 степени под нулата, а максималните дневни од 4 до 10 степени. Во наредните три дена ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и температури кои ќе бидат во пораст за три до четири степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари