Oбука за млади менаџери, пријави се и биди дел од најдобрите!

- Македонија
742

Биди дел од групата обучени млади менаџери со цел да научиш да бидеш вреден, организиран, креативен, продуктивен, темелен, одлучен и информиран.

„Креиравме специјална наменета обука за тебе со цел да стекнеш навики за добра организација, одлучност и квалитетно управување со ситуациите кои те очекуваат во животот.“ – велат организаторите.

Обуката е составена од следните теми : Мотивација, Решавање на проблеми и одлучување, Вештини на преговарање, Комуникациски вештини, Подготовка на бизнис план, Управување со времето и  Управување со проекти.

Пријавување на маил адресата [email protected] или на телефон: 077 886 314. Оваа обука ќе се одржи на 8-ми декември (сабота) во хотел Парк Спа во Скопје. Цената е 6000 мкд, со вклучен оброк. Обучувач е Елена Гагачева-лиценциран тренер за деловни вештини. Бројот на учесници е ограничен (15 лица). На крајот на обуката учесниците ќе добијат бесплатен сертификат за учеството.

Со посетување на обуката ќе се стекнеш со вештини и техники :

–   да поставиш јасни цели; да извршиш анализа и да утврдиш задоволство од учењето и работата; да си поставиш системи за мотивирање;

– да анализираш ситуација во која ќе идентификуваш и ќе ги дефинираш проблемите; да употребиш модел и алатки за анализа и решавање на проблеми; да употребиш алатки за донесување одлуки; да направиш план; да спроведеш одлука

–  да употребиш техники и алатки при преговарање; да ги идентификуваш и да ги дефинираш фазите на преговарање; самостојно да се подготвиш и да извршиш истражување пред претстојно преговарање; да употребиш различни стилови на преговарање; да употребиш стратегии за успешно преговарање; да поставиш правила кои водат до ефективни преговори; да употребиш поинакви пристапи при преговарање; да создадеш ситуација во која секоја страна е добитник

–  да употребуваш техники и алатки со кои ќе ги надминеш полињата на недоразбирање – бариерите при комуникацијата; да употребуваш техники на слушање и поставување прашања; да применуваш начини на кажување НЕ

–  да можеш да креираш бизнис план во согласност со својата бизнис-идеја, како и да се стекнеш со вештини за претприемништво.

–   да поставуваш цели и приоритети; да се справиш со прекини и одолговлекувања; да го планираш и да го организираш времето; да употребуваш алатки и техники за ефективно управување со времето

– самостојно да дефинираш фази на проект; да дефинираш цели, како и резултати и активности на проектот; да извршиш алокација и да управуваш со проектни ресурси (време, буџет, квалитет); да подготвиш и да управуваш со проектен буџет; да утврдиш и да управуваш со критична патека; да вршиш мониторинг и евалуација на проект; да подготвуваш извештаи за проекти; да затвориш проект;

Обуката е во организација на Асоцијацијата на проект менаџери на Македонија.

АГЕНДА „ОБУКА ЗА МЛАДИ МЕНАЏЕРИ“

8-ми ДЕКЕМВРИ 2018г. (сабота)

08.30-09.00 Регистрација на учесници

09.00-10.30 Поставување цели; управување со време; мотивација

10.30 – 10.45 Кафе пауза

10.45 – 13.00 Комуникациски вештини и вештини на преговарање

13.00 – 13.45 Оброк со кафе пауза

13.45-15.30 Проект (елементи)

15.30 – 15.45 Кафе пауза

15.45 – 17.30 Бизнис план (елементи)

Strugaonline

 

Facebook Коментари