Време-Облачно со врнежи од дожд

- Македонија
430

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни. До крајот на денот на планините врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Maксималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 16 степени. Утре наутро облачно и студено со врнежи, кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а снег ќе провејува и на некои пониски места во западните и северните делови. Уште во текот на претпладнето врнежите постепено ќе престануваат, а попладне ќе настапи разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 1 до 9 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари