ЖКК Струга 2009 на домашен терен загуби од Бадел

- Спорт
298
Во рамките на седмото коло од  прва А лига во женска конкуренција ЖКК Струга 2009 загуби од Бадел на домашен терен со резултат 59:74 , по четвртини (16:19;11:18;16:20;16:17 ).
Најдобри во нашата екипа беа Томпсон со 24 поени, Зендели 12, Шеќероска 11, Стојановска 9. Во екипата на Бадел Трајческа постигна 31 поен, Стојановска 18 поени.
,, Не можам да бидам задоволен од резултатот, но, задоволен сум од отпорот кој го пруживме на лидерот во првенството и задоволен сум од ангажманот на девојките. Но, против екипата на Бадел концентрацијата мора да биде на највисоко ниво во текот на цел натпревар, токму тоа ни недостасуваше за да ги изненадиме противниците. Со овој натпревар го завршивме првиот дел од првенството на четврто место, а вториот дел започнува следниот викенд. Се надевам дека ќе се искачиме едно скалило повисоко.,, -изјави за Strugaonline тренерот на ЖКК Струга 2009, Владимир Ѓоровиќ.
Strugaonline

Facebook Коментари