Време- Облачно со врнежи од дожд и ветер

- Македонија
483

Денеска ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, на места ќе бидат пообилни (20 до 30 л/м2), локално во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 80 км/час). Дневната температура ќе се движи во интервал од 10 до 17 степени. Утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 9 до 17 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари