Општина Струга потпиша Меморандум за соработка со Министерството за транспорт и врски

- Локални
896

Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко, потпиша Меморандум за соработка со министерот за транспорт и врски Г-дин Горан Сугарески, за да се обезбедат средства за изградба и поправка на локални патишта, како и друга патна инфраструктура.

Проектот ќе се финансира со средства од Светска Банка, каде што 70 илјади евра ќе им се доделат на околу 80 општини, врз основа на проектите и потребите на општините.

„Општина Струга успеа да обезбеди околу 1.1 милиони евра за финансирање на општинсиките проекти, односно за реконструкција и изградба на локалната патна инфраструктура за периодот 2020-2024 година.“ -информираат од прес-службата на Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари