Време-Претпладне променливо облачно и посвежо, попладне облачноста ќе се намалува

- Македонија
437

Претпладне променливо облачно, попладне облачноста ќе се намалува. Од изутрина од север ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер (над 60 км/час) кој ќе биде најизразен долж Повардарието. Овој продор на студен воздух ветер ќе предизвика намалување на температурата, особено во северните делови и на истокот. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 26 степени.

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 21 до 26 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари