Со традиционалната Литија Струга и годинава му се поклони на патронот Великомаченик Ѓорѓи Победоносец

- Локални, Останати
800

Со строго почитување на сите мерки за заштита од вирусот ковид 19, но со свечена и достојна атмосфера,  денеска во Струга се одржа традиционалната Литија ( Еродија)

Со оваа ѓурѓовденската литија Струга му се поклонува на патронот Победоносец и Великомаченик Ѓорѓи.

Со чудотворната икона и моштите на светителот донесени од манастирот во Рајчица и годинава е осветен  градот на мостовите.

7-ми мај е посебен ден за стружани. Во нормални услови (пред пандемијата) во Струга на овој ден доаѓаа  илјадници граѓани од цела Македонија  и ја чувствуваа благодетта, радоста и љубовта што ја носи Литијата .

Низ улиците , моштите од Свети Георгиј Победоносец и чудотворната икона поминаа со братството и сестринството од Бигорскиот и манастирот во Рајчица, без оркестарот и традиционалните торжества. Верниците го испочитуваа апелот на надлежните да не се движат во толпата.   Пред моштите се поклонија од  балконите и тротоарите со почитување на мерките за заштита, држење растојание и носење заштитна маска.

 

Strugaonline

фото: Јован Јаулески

Бојан Белевски

 

Facebook Коментари