8-ми мај, Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

- Македонија
401

Денеска се одбележува 8-ми мај, Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

На 8-ми мај 1828 година е роден Анри Динан, основоположникот на Движењето на Црвениот крст. На овој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности делуваат на подигање на свеста за значењето на нашите основни принципи и вредности и не’ потсетуваат на потребата од намалување на човековите страдања, зачувување на човековото доистоинство, заштита на животот на луѓето, како и надминувње на последиците од вонредни состојби и природни катастрофи.

Во 1901 г., Динан ја добил првата Нобелова награда за мир за неговата улога во обовањето на Меѓународното движење на Црвен крст и иницирањето на Женевската конвенција. Норвешкиот воен лекар, Ханс Даае, кој добил копија од книгата на Милер, го застапувал случајот на Динан пред Нобеловиот комитет. Наградата му била доделена и на Францускиот пацифист, Фредерик Паси, основач на Лигата за мир, кој заедно со Динан активно дејствуал и во Алијансата за ред и цивиизација. Официјалните честитки кои ги добил од Меѓународниот комитет конечно го претставиле обновувањето на репутацијата на Динан:

,,Не постои друг човек кој повеќе ја заслужува оваа чест, освен Вие, кој пред четириесет години ги поставивте темелите на меѓународната организација за помош на ранетите на бојното поле. Без Вас, Црвениот крст, највисокото хуманитарно достигнување на деветнаесеттиот век веројатно никогаш немаше да се случи.’’

Во денешни услови, посебно во време на пандемија, улогата на Црвен крст е исклучуво важна.

 

Facebook Коментари