Време: Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

- Македонија
900

Денеска во Македонија во претпладневните часови ќе преовладува сончево време. Попладне ќе има услови за нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во Повардарието засилен ветер од југоисточен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 18 до 29 степени. Во наредните три дена исто така ќе преовладува нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари