Манчевски: Улогата на медиумите е да ги мотивираат граѓаните да бидат коректив на власта

- Македонија
896

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски по повод 3 Мај, Меѓународниот ден на слободата на печатот порача дека слободни, безбедни, независни и одговорни медиуми се основа за развој на едно демократско општество.

Тој истакна дека медиумите се важна алка за градење на развиена држава, за социјален и економски напредок и одржлив развој. Тој порача и дека јавноста мора да биде постојана контрола на власта.

По повод  Меѓународниот ден на слободата на печатот Манчевски рече дека нападот врз слободата на медиумите, е напад врз владеењето на правото и напад врз човековите права.

 „Измените во законот за АВМУ, подготвени заедно со сите засегнати страни, гарантираат услови за професионализација на медиумските тела. Овозмужуваат слободно и независно работење на медиумите во државата. Најважно од се, даваат шанса за политичарите да ги тргнат рацете од медиумите. Медиумската заедница треба да ја превземе контролата врз медиумскиот сектор. Овој закон овозможува дополнителни механизми за саморегулација.“ – истакна министерот за информатичко општество и администрација.

Извор: mio.gov.mk

Strugaonline

 

Facebook Коментари