Време – претпладне сончево, а попладне врнежи од дожд. Температури до 35 степени

- Македонија
837

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Доцна попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во источните и во јужните делови. Ќе дува умерен северен ветер, а УВ индексот ќе има вредност 8. Дневните температури ќе се движат во интервал од 26 до 35 степени. Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со пороен дожд и грмежи посебно во источните и  јужните делови од земјава. Дневната температура ќе се движи од 23 до 32 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари