„Суперхикс“ на 28 јули ќе ги забавуваат охриѓани и туристите

- Забава
1218

Познатата македонска група „Суперхикс“ на 28-ми јули (петок) ќе ги забавува Охриѓани и туристите во „Кадмо Beach club“ – Охрид. Станува збор за бенд кој на македонската музичка сцена постои од далечната 1994 година. Во текот на своето постоење и музичко творештво има издадено седум албуми од кои пет се студиски, еден live албум и еден Best of албум. На повеќе манифестации имаат добиено признанија за најдобар албум, хит на годината, бенд на годината и многу други признанија. Познати се како состав кој создава модерни песни со претпознатлив стил, текстови и музицирање својствено за нивниот стил кој наидува на симпатии од публиката

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари