Време: Променливо облачно со дожд, на планините врнежи до снег

- Македонија
543

Денеска во Македонија ќе преовладува умерено облачно време, по котлините ќе биде магливо. Кон крајот на денот и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и почнувајќи од северните делови, ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 4 до 16 степени. Утре ќе преовладува претежно облачно во предпладневните часови ќе има локални врнежи од снег а на пониските места од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од -1 до 6 степени.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари