Време- Променливо облачно со сончеви периоди

- Македонија
324

Денеска претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 22 степени. Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во утринските часови ќе има услови за слаба магла по одделни котлини. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 17 до 24 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари