Време-Променливо облачно со врнежи од дожд, на повисоките места снег

- Македонија
259

Променливо облачно со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Во утринските часови во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег и во некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени.

Facebook Коментари