Време: Променливо облачно со врнежи од дожд уште денеска, стабилизација на времето од утре

- Македонија
758

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. Претпладне, во јужните делови од земјава со повремен дожд и со слаб до умерен југоисточен ветер. УВ индекост ќе има вредност 6, а дневните температури ќе се движат во интервал од 20 до 29 степени. Стабилизација на времето се очекува од утре кога ќе преовладува сончево време со мала облачност и температури кои во одредени делови од земјава ќе го достигнат и 33-от степен. Во наредните денови се очекува константен пораст на температурите.

Извор: УХМР

Facebook Коментари