КУД „Дримкол“ од Вевчани ги освојува сцените во Италија

- Локални
1641

Членовите на КУД  „Дримкол“ од Вевчани, деновиве македонскиот и вевчанскиот фолклор го претставуваат  на сцени во Италија.  Поздравени со долги аплаузи и овации тие одржаа три  целовечерни концерти во градовите Ripalimosani и San Giovani in Galdo. Богатата културна и фолклорна дејност која тие ја негуваат уште од 1973 година, во склоп на турнеата ќе биде претставена и пред публиката во Рим.

КУД „Дримкол“ сосема заслужено се вбројува во групата најреномирани културно-уметнички друштва кои се амбасадори на  богатата фолклорна и уметничка македонска  традиција.  Ја претставуваат македонската носија и нејзниото знаење и имаа богати кореографски постановки кои секаде низ светот предизвикуваат воодушевување.

Извор: Strugaonline

Фото: КУД „ДРИМКОЛ“

 

 

 

Facebook Коментари