Време: Сончево и топло, попладне краткотраен пороен дожд

- Македонија
765

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и југоисточните делови од земјава каде е можно процесите да бидат поинтензивни. УВ индексот ќе има вредност 8, а дневната температура ќе се движи во интервал од 22 до 31 степен. Слично време со високи максимални температури кои наместа ќе го достигнат и 33 степен ќе преовладува и во наредните три дена.

Извор: УХМР

Strugaonline

Facebook Коментари