Временска прогноза – претпладнe сончево и топло, попладне пороен дожд

- Македонија
840

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и топло време. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи особено во источните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец особено во западните делови од земјава. Дневната температура ќе се движи во интервал од 25 до 36 степени. До петок се очекува температурите да достигнат до 41 степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари