Голем медиумски успех на Четкар во Тајланд

- Музика
999
Владимир Четкар настапи на најпопуларниот џез фестивал во Тајланд, Хуа Хин Џез Фестивал кој се одржа во монденскиот Тајландски туристички центар Хуа Хин.
Македонскиот џез/соул/фанк музичар беше најавуван како една од главните ѕвезди на овогодинешното издание на фестивалот во Тајланд.
 
Пред овој концерт Четкар имаше серија телевизиски настапи и интервјуа во Тајланд меѓу кој и настап во живо на најгледаната национална телевизија во Тајланд, Канал 3.
 
На настапите на кој Четкар се претстави со авторска музика Четкар беше приружуван од Тајландскиот бенд Фанкшн како и од еден од најпознатите инструменталисти во Југоисточна Азија, Кох Саксмен. Ова е атмосферата прикажана низ фотографии.

Facebook Коментари