Лев банер Десен банер

David Guetta ќе биде главната музичка ѕвезда на прославата за 35 години независност на Македонија

Светски познатиот француски диџеј и продуцент David Guetta ќе настапи во Скопје по повод одбележувањето на 35 години од независноста на Македонија.

Големиот музички спектакл ќе се одржи на 8 септември во Национална арена „Тоше Проески“, а организацијата е во соработка меѓу Владата и Авалон продукција.

Според организаторите, македонската публика ќе има можност да го проследи едно од најголемите музички и продукциски шоуа во Европа. Од Авалон продукција информираат дека за настанот ќе биде донесена комплетната продукција со која настапува Гета на своите европски концерти.

„Во Скопје ќе пристигне спектакуларното шоу на Дејвид Гета, кое моментално важи за едно од најголемите музички продукции во Европа“, изјави Бобан Милошески.

Наместо стандардни концертни билети, посетителите ќе плаќаат симболични 35 денари за регистрација. Според најавите, едно лице ќе може да резервира најмногу две влезници преку електронска пошта.

Организаторите очекуваат огромен интерес не само од домашната публика, туку и од посетители од регионот, бидејќи промоцијата на концертот ќе се реализира и во соседните земји.

Прославата за 35 години независност ќе трае од 8 август до 8 септември и ќе опфати повеќе културни, музички и забавни настани во Скопје и во други градови низ државата. Најавени се и уште два големи светски музички настани, чии имиња дополнително ќе бидат соопштени.

StrugaOnline

error: