Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)
1 Попова Шапка, 5 Маврови Анови, Лазарополе, 6 Скопје-Петровец, Струмица, Крушево, 7 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, 8 Тетово, Берово, 9 Охрид, Претор, Прилеп, Велес, 10 Крива Паланка, 11 Битола, Виница, 12 Штип, 13 Демир Капија.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
20 Лазарополе, 16 Маврови Анови, 8 Попова Шапка, 7 Пожаране, 6 Охрид, 3 Скопје-Зајчев Рид, Претор, 2 Тетово, 1 Крушево, Велес.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне и кон крајот на денот поради продор на постудена воздушна маса на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер, претпладне од западен, а попладне од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 70 km/h.
Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.
Температурата во Струга и Охрид ќе се движи од 9 до 14 степени.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

