Благодарение на хитот „Деспасито“ оживеа економијата во Порторико

- Занимливо
1193

Само два месеци откако гувернерот на Порторико, прогласи државен банкрот со желба да го реструктуира долгот од 70 милијарди долари, состојбата на земјата се промени во позитивна насока. Верувале или не, новите извештаи откриле дека најголемиот глобален хит  на Порториканците Луис Фонси и Деди Јaнки,  „Деспасито“ го зголемил интересот за земјата.

Туристичкиот интерес за оваа земја, поточно остров во Карипското Море и територија на САД со комонвелтски статус, се зголемил за дури 45 отсто откако Деспасито започна  да се слуша ширум светот, открил весникот „Ун Нуево Диа“, а пренесе „Б92“.

 

 

 

Facebook Коментари