Утревечер во Струга концерт на учесниците на семинарот по соло пеење организиран од музичкото студио СОНАТА

- Локални
1615

Во фоајето на НУЦК „Браќа Миладиновци“ – Струга, овој вторник (11.07.2017), со почеток во 21 часот, ќе се одржи концертот на учесниците на семинарот по соло пеење во организација на музичкото студио СОНАТА кај проф. Марија Муратовска – Наумовска.

Поситителите ќе имаат можност да уживаат во познатите арии со пијано придружба на Благовесна Булоска. Ова е вистинска можност за сите љубители на музиката да уживаат во софистициран музички настан. Цената на билетите изнесува 50 денари.

 

Извор: Strugaonline\НУЦК „Браќа Миладиновци“

Facebook Коментари