Неколку земјотреси и синоќа го потресоа Охридскиот регион – интензитетот на потресите за среќа е се послаб

- Локални
909

Во текот на изминатата ноќ во Охридскиот регион беа почествувани неколку земјотреси.

Првиот потрес е регистриран во 02:12 часот со магнитуда од 3 степени според Европската макросеизмичка скала. Следниот потрес е почувствуван  во 04:16 часот, со јачина од 2.8 степени, а по него следуваа два нови потреси во 04:34 и во 04:39 часот,со јачина од 3.3 степени.

Последниот потрес беше регистриран во 05:05 часот, со јачина од 2.7 степени според Европската макросеизмичка скала.

Експертите од оваа област постојано апелираат до граѓаните и туристите во Охрид дека нема место за паника и дека тлото полека влегува во фаза на смирување.

Извор: ОхридПрес\Strugaonline

 

Facebook Коментари