Седми април во светот се одбележува како светски ден на здравјето. Светската здравствена организација деновиве објави поразителни бројки за заболените лица од депресија. Имено, според СЗО над 350 милиони луѓе се заболени од депресија, а во Европа, четири од 15 луѓе страдаат од некоја форма на депресија. Се проценува дека на годишно ниво депресијата и анксиозноста доведуваат до глобални економски загуби кои се повисоки од еден билион американски долари.

Освен за депресијата, и во Македонија и во светот се повеќе се прават напори за создавање современи методи за лекување на сите видови болести, за да се зачува здравјето како најважна вредност во животот на човекот.
Facebook Коментари