Родители, не делете ги играчките за вашите деца на ,,машки” и ,,женски”

- Занимливо
1152

Играчките со кои си играат вашите деца влијаат на нивната креативност и развој на фантазијата.. Психолозите им препорачуваат на родителите да не ги делат играчките на ,,машки” и ,,женски” бидејќи на тој начин  ce создаваат предрасуди кај децата уште од мали нозе. Доколку играчката за која на вашето девојче сте му  кажале дека е само за момчиња ја добие за роденден од вашите родни или пријатели, на тој начин ќе се разочара и нема да му биде јасно што е правилно, а што не. Сосема е во ред девојче да добие автомобил за играчка или момче да добие играчка со некоја светла боја. Преку таквите детали децата од мали си создаваат бариери или стануваат отворени личности – зависи на што се ги научиле.

,,Светликави крила од пеперутка, на пример можат да бидат полн погодок за момче, порачуваат Кристина Хенкел и Мари Томичич, автори на книгата ,,Овозможете му на детето сто можности наместо две”.

Секако, не дозволувајте маркетинг триковите на производителите да влијаат на вас.

 

Facebook Коментари