,,Аналфабет” викендов на сцената на Народен театар Охрид

- Локални
1023

На сцената на охридскиот Народен театар на 7 и 8 април ќе биде изведена претставата „Аналфабет“,  работена според Бранислав Нушиќ, а во режија на Ѓорѓи Ризески.

Вљубениците во театарската уметност ќе имаат можност да уживаат во претстава која на комичен начин ги претставува луѓето кои ја потенцираат својата моќ преку функциите кои ги имаат во општеството, како и злоупотребата на истите за лични интереси без размислување за последиците со кои подоцна треба да се носат. Актерската екипа ја сочинуваат  Горан Стојаноски Никола Тодороски, Елизабета Стефановска и  Стрезо Стаматовски . Костимите ги изработи Ванчо Василев, а зад сценографијата се потпишува Зоран Николовски.

Претставата не се препорачува за лица на возраст под 14 години и во неа се користат пиротехнички средства.

 

Facebook Коментари