Позитивен природен прираст во општина Струга во третиот квартал од годината

- Локални
782

Според податоците од Државниот завод за статистика во третиот квартал од годината во општина  Струга има позитивен природен прираст. Имено,  во овој период се евидентирани 131 новороденче, додека бројакта на починати лица изнесува 126, од кои три билe новороденчиња. Што значи природниот прираст е со индекс 5.

Во истиот период во Струга пораснал и бројот на  склучени бракови, односно биле регистрирани 208 бракови, а имало 10 разводи.

Strugaonline

Facebook Коментари