Време: Претежно облачно со врнежи од дожд во западните делови

Денеска во Македонија ќе преовладува претежно облачно време, во западните делови со врнежи од дожд, кои на крајниот запад ќе бидат обилни. Ќе дува засилен јужен ветер, а дневните температури ќе се движат во интервал од 5 до 16 степени. Слично време ќе преовладува и во петок и сабота (во сабота ќе има и сончеви периоди), а максималната температура ќе го достигне 15-от степен.
Извор: УХМР

