Александар Чотриќ: – Секогаш е подобро да си крај столот, отколку на столот – како мени!

- Локални
1156

 Новиот број на меѓународната ревија за литреатура, култура, уметност и наука „Бранувања“ што излегува во Струга, донесува разговор со истакнатиот српски и балкански писател сатиричар и афористичар, автор на дваесет книги од сите жанрови Александар Чотриќ од Белград под наслов „Секогаш е подобро да седиш до масата, отколу да си на масата- како мени“. Но, тој исто така, го минува својот шести мандат како пратеник во Народното собрание на Србија, каде што се забележани неговите исклучително демократски и космополитски дискусии, а е и претседател на Интерпарламентарното собрание на Централна и Југоисточна Европа. Чотриќ е преведен на над триесет јазици, а кај нас, во превод на македонски јазик излезе неговата книга „Присторување – сатирични приказни“. Повод за овој разговор не е само објавената книга, туку и актуелноста на повеќето балкански прашања, погледнати од негов агол, како пратеник и како сатиричар.

На прашањето дека тој активно и отворено се залага во Српското народно собрание за обединет Балкан, неговиот одговор е дека:  „ Бидејќи пред нас ни стојат само две решенија. Или Европа ќе се балканизира, или Балканот ќе се европеизира. Нам што сме на Балканот модел треба да ни биде Швајцарија каде од средниот век до денес не се војувало и во која сложно живеат луѓето што зборуваат германски, француски и италијански јазик. Би требало да се огледаме на Германија и Франција во последните седумдесет години, кои покажуваат дека може одлично да се соработува политички и економски и после повеќе векови војување и промена на границите. Се надевам дека ние на Балканот еднаш ќе го достигнеме тој степен на развој и меѓусебните односи и уважување како кај скандинавските земји. Значи, ние на Балканот да се скандинизираме, а не и натака да правиме скандали.

Писателот и сатиричарот Александар Чотриќ како пратеник во Српското Народно собрание, исто така, надвор од заваничнта „политика“ искрено ги поздрави двата договори потпишани од страна на Република Македонија со соседните држави Бугарија и Грција. За договорите, тој вели: „Мислам дека Македонија со овие договори со своите соседи си го трасираше добриот пат за внатрешната стабилност и за добивање на меѓународна поддршка да ги оствари своите надворешнополитички приоритети и да си стане членка на Европската унија и НАТО. Македонија со тоа си го симна каменот кој 26 години и беше врзан околу вратот. Тоа што е добро за Македонија, за Грција и Бугарија, добро е и за Србија. Македонците остануваат Македонци, а наскоро тоа име ќе биде и помеѓу имињата на другите народи и држави во Европската унија и НАТО. Се радувам на тоа и мислам дека тоа ќе им помогне на луѓето во Македонија подобро да живеат, вашата држава да биде економски јака и дипломатски почитувана од соседните земји и од сите држави на Европа и светот. Така се намалуваат ризиците за нови конфликти и политички и дипломатски и политички се решава проблемот што Македонија ја држеше во двориштето на Европската унија. Сега можете да влезете во европската куќа и да седнете на столот од кој се одлучува со другите од европските семејства. „Секогаш е подобро да си крај столот, отколку на столот – како мени“.

На прашањето зошто СПЦ го негира постоењето на МПЦ, писателот и пратеник Александар Чотриќ во интервјуто за „Бранувања“ е ктегоричен:

“Верувам дека ќе продолжи дијалогот на црковните претставници на Белград и Скопје и дека ќе биде прифатено заедничко поволно решение за црковниот спор. Ако Србија ја признава македонската држава, нација, јазик и сите други елементи на национален идентитет,  јасно е дека никој надлежен и одговорен во нашата земја  не го негира правото и македонскиот народ да има своја црква, секако, со почитување на канонските процедури, правила и традиции, бидејќи на тоа инсистираат и сите други православни цркви. Мислам дека и Руската православна црква, како и Бугарската црква, искрено сакаат да помогнат во решавањето на овој проблем. Некој констатирал дека Бугарите на Македонците не им го признаваат јазикот, Грците името, Србите Црквата, а Албанците државата. Така беше порано. Сега работите се движат во позитивна насока и еден по еден проблем се надевам, Македонија, ќе ги остави зад себе ваквите спорови. Како шеф на делегацијата на Интерпарламентарното собрание на православието, политичка организација во која членуваат пратеници од 25 држави во кои живеат православни народи, силно се залагам за решавање на српско-македонскиот црковен спор, а тоа искрено го посакуваат и пратениците на останатите земји, во прв ред Русија, Грција, Бугарија, Романија, Кипар, Албанија… Јас лично од сите земји на светот, а сум бил на сите континенти, најубаво и најпријатно се чувствувам во Македонија“, заврши истакнатиот српски писател и пратеник во шестиот мандат Александар Ќотриќ во интервјуто што го даде за нашата ревија „Бранувања“ чиј најнов број излегува овие денови.

Извор: „Бранувања’

Strugaonline

 

Facebook Коментари