Џудо клубот „Дрим“-Струга најуспешен во машка конкуренција на државното првенство во Прилеп

Изминатиов викенд се одржа државното првенство во Џудо за кадети во Прилеп. Џудо Клуб „ДРИМ“- Струга настапи со пет натпреварувачи и освои три златни медали (државни прваци) и еден бронзен медал, со тоа што беше најуспешен тим во машка конкуренција.

Со медали се закитија:
1. Марио Нелоски -50кг ЗЛАТО
2. Андреј Симоноски -55кг ЗЛАТО
3. Христијан Глигороски -81кг ЗЛАТО
4. Дион Лена -60 кг БРОНЗА
5. Андреј Вељаноски 5то место.

„Иднината на џудо спортот е во Џудо Клуб ДРИМ СТРУГА ,а тоа го докажуваат и резултатите.“ – велат од струшкиот џудо клуб.
Strugaonline

