Oваа сабота хуманитарен фестивал „Охрид Танцува“

- Локални
736

Во организација на Клуб на Млади на ОО Црвен крст – Охрид, оваа сабота, на 20-ти април во Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи хуманитарниот фестивал „Охрид танцува“

„Не пропуштајте хуманитарен мултикултурен фолклорен фестивал на кој можете да дојдете со вашите баби, дедовци, родители, да уживате и истовремено да му помогнете на социјално загрозено семејство. Се работи за седумчлено семејство со 4 дечиња од кои 2 годишното девојче боледува од хидроцефалус. На фестивалот ќе настапуваат групи од Македонија, Босна и Херцеговина и Србија.“ – информираат организаторите.

Билети по цена од 100 денари ќе има на влез, а можете и да резервирате на следниве телефонски броеви:  076 302 024; 070 385 509; 070 868 587

Стартот на фестивалот е закажан за 13:30 часот.

Strugaonline

Facebook Коментари