Во Домот на културата во Вевчани ,на 20-ти овој месец, се одржа 17-тата регионална пензионерска ревија на песни, музика и игри од осмиот регион што ги опфаќа ЗП:Охрид и Дебарца, Струга ,Кичево, Гостивар, Македонски Брод, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и Лабуништа. Ревијата беше организирана од страна на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија, а ЗП Вевчани за прв пат беше домаќин на оваа ревија. Во клубот на пензионерите беше поставена изложба на вевчански ракотворби од вевчанската везилка на народни носии од Љубица Лешоска.
По одложувањето на дефилето низ центарот на Вевчани поради врнежливо време, градоначалникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски ,во својот кабинет ги прими претседателката на СЗПМ, Станка Трајкова, претседателот на Собранието м-р Илија Адамоски, претседателката на комисијата за културно-забавен живот Магдалена Спировска и сите други претседатели на здруженијата од осмиот регион.
„Оваа манифестација, која е плод на зааложбите на највозрасната, но и најмудрата генерација за негување на нашата богата традиција, е резултат на силната желба, посветеност и длабока почит на пензионерите кон трајните вредности на културата како наше национално и културно обележје.Сама по себе е значајна и поради тоа што дава можност за дружење, социјализација и подолг и поквалитетен живот на пензионерите.Токму затоа, имајќи ја предвид ова успешна мисија на пензионерите, Министерството за култура ја прпгласи Републичката ревија на пензионери за манифестација од посебен национален интерес за култура “– истакна претседателот на на собранието на СЗПМ, М-р Илија Адамоски прогласувајќи ја ревијата за отворена и изразувајќи желба за понатамошна отворена соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите.
Председателот на ИО ЗП Вевчани, Витомир Костојчиноски, во поздравната реч до сите здруженија и присутни граѓани истакна дека музиката е посредник помеѓу тагата и среќата.
„Каде што зборовите не вредат, музиката допира и остава трага.Таа го изразува она што не може да се искаже со зборови, а кое не смее да биде премолчено. Музиката е уметност од која ни навираат солзи и спомени. Нека овој ден и биде посветен токму на музиката, на нејзината песна, на нејзините игри.„ – истакна Костојчиноски
Годинава, на оваа регионална ревија настапија над сто и осумдесет учесници од регионот. Домаќините се претставија со КУД „Дримкол“ од Вевчани, надвор од конкуренција со изворни народни песни и обичаи,а потоа настапи мешаната пјечка група на распеани струшки пензионери „Езерски бран“ кои се претставија со три песни. Програмта продолжи со настапи од здруженијата на пензионери од горе-споменатите градови кои гостуваа во Вевчани.
Претседателката на Комисијата за културно-забавен живот, Магдалена Спировска во име на организаторот на 17 -та Ревија на песна музика и игра, на здруженијат им врачи благодарници за учество.
Музичкиот дел на ревијата заврши со рецитал „Глас од Македонија “ подготвен од претседателот на ЗП Вевчани, Витомир Костојчиноски, во придружба на пејачкото трио „Каданка“ при КУД Дримкол од Вевчани.
Песната, музиката и играта продолжиј на заедничката веселба во ресторанот „Пелвец“ во Вевчани каде што гостите имаа можност да вкусат вевчански специјалитети.
Текст и фото: Стојан Кукунешоски
Facebook Коментари