Филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ во сабота ќе се прикажува во Охрид

- Локални
914

Познатиот филм „Господ постои, името и е Петрунија“ во режија на Теона Стругар Митевска патува низ Македонија. На 25-ти мај (сабота) со почеток од 20:00 часот овој филм ќе се прикажува во охридскиот центар за култура.

„Господ постои, името и е Петрунија“  постигна голем успех добивајќи  две престижни награди на Ecumenical Award и Guild Film Prize. Првата се доделува за да се оддаде почит кон оние уметнички дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Guild Film Prize, пак, ја доделуваат членови на жири комисија кои се дел од Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија AG Kino – Gilde e.V, а воедно се и менаџери на арт-кина.

На почетокот на месецов,  на фестивалот „Деа“ во Тирана овој филм освои две награди и тоа главната награда за најдобар филм и наградата за најдобра женска улога која ја доби Зорица Нушева.

Влезницата за охридската премиера чини 150 денари.

Strugaonline

фото: aрхива

 

Facebook Коментари