Со максимален интензитет се асфалтира улица „Партизанска“ во Струга

- Локални
754

Градоначалникот на Општина Струга во придружба на советниците на Општина Струга, изврши увид на градежните работи, односно асфалтирањето на улица „Партизанска“.

„После отстранување на азбестните цевки на ул.Партизанска продоложивме со следниот проект, асфалтирање на целата улица, проект кој не бил остварен досега.

Работата на терен се одива со максимален интензитет со цел оваа фаза да се заврши пред почетокот на летната сезона .

Конечно, Струга го добива изгледот што отсекогаш го заслужува ,Струга со европски услови, Струга со патна инфраструктура како никогаш порано. Продолжуваме со проекти и остварувања.“ – велат од Општина Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари