Време: Сончево со умерена облачност, попладне краткотраен дожд

Денеска ќе преовладува сончево време со умерена облачност, во крајните западни делови попладне со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе има вредност 7, а дневната температура ќе се движи во интервал од 29 до 36 степени. Слично време ќе преовладува и во текот на утрешниот ден.
Извор: УХМР

