Г.Г. Стефан: Верниците да се молат во своите домови и срца

- Македонија
793

Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во Велигденското послание, упати апел до  верниците оваа година Велигден и празниците што се слават по повод овој ден, да ги поминат во своите семејства и да се молат во своите домови.

-Поминуваме низ еден период кој од нас бара послушност и воздржување. Појавата на корона – вирусот во светот, а воедно и во нашава земја, нè натера да внимаваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни. Затоа, да се придржуваме по советите и мерките изречени од надлежните институции, и сите заедно да придонесеме да се намали и спречи ширењето на заразата. На нашите верници им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите, и им препорачуваме да се молат во своите домови и срца, за Бог да нè избави од оваа опасна болест. Да се молиме и за медицинските лица, полицијата и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата. Да се молиме за заболените да оздрават, како и за спасение на душите на оние кои не ја добија битката со болеста. Да се молиме Бог да ни ги прости нашите гревови и да нè помилува, зашто само Бог ни е прибежиште и сила, и докажан помошник во неволја.- вели Г.г Стефан.

Целосното Велигденско послание можете да го прочитате на следниов ЛИНК

Извор: МПЦ

Facebook Коментари