Два случаи на агресивно однесување кон полициски службеници во Охрид
На 03.08.2026 во 13:45 часот, во СВР Охрид од слобода е лишен С.С.(69) од охридското село Елшани, кој бил агресивен кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, а потоа и турнал еден полициски службеник. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 03.08.2026 во 21:40 часот, на паркинг простор пред угостителски објект во туристичкиот комплекс „Горица” во Охрид, приведен е Д.П.(45) од Скопје, кој бил агресивен кон полициските службеници што преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

