Угостителски објект во Струга санкциониран поради прегласна музика од 88 децибели
На 03.08.2026 во 01:05 часот, полициски службеници од ОВР Струга извршија мерење на гласност и јачина на бучава со фонометар во објекти во централното градско подрачје.
Притоа, постапено е по правилникот за примена на индикаторите за бучава при што, во еден угостителски објект лоциран на улицата „Маршал Тито” во Струга, констатирале нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика со 88 децибели гласност, што претставува надминување на дозволената граница од 35 децибели.
По целосно документирање на настанот, против правното и одговорното лице во објектот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

