Поради голем интерес, претставата ,,Сопружници“ повторно пред охридската публика
Поради зголемениот интерес, претставата ,,Сопружници” од Вуди Ален во режија на Драгана Таневска повторно на репертоарот на Центар за култура ,,Григор Прличев’-Охрид во месец март ќе биде изведена во петок (05.03.2021) и сабота (06.03.2021) година со почеток во 19.00 часот, цена 200 денари. Согласно протоколите, со ограничен број на публика .

Играат:
Гејб – Ивица Цонев
Џуди – Елизабета Стефановска
Џек – Никола Тодороски
Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска
Мајкл – Филип Кипровски
Сценограф – Борис Далчев, Ванчо Василев
Костимограф – Ванчо Василев
Инспициент – Филип Ангеличин – Жура
Светло – Борис Велјаноски
Тон – Митко Серафимоски
Избор на музика – Драгана Таневска
Дизајн на плакат – Борис Далчев
,,Сопружници” претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите – вели Драгана Таневска.
Картите по цена од 200 денари ќе бидат пуштени во продажба од вторник (02.03.2021) на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид, почеток 19.00 часот.Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066
Strugaonline
