Билтен за Охрид: Физички напад, семејно насилство…
На 28.09.2026 во 23:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во близина на деловен објект на булеварот „Железничка” во Охрид, две лица физички го нападнале П.У.(21) од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.09.2026 во 11:50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека А.Ј. од Охрид, во семејниот дом бил агресивен и физички нападнал членови на неговото семејство. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

