Велики Петок е претпоследниот ден од страдалната недела. Освен Велипеток уште се вика и Распет Петок бидејќи на овој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во годината, тогаш не се работи, дури и не се готви храна. Се вели дека на овој ден не треба да се јаде, а камоли да се работи. Како на строг пост, односно „пост на вода“ луѓето вo црквите се честат со леб, пипер, и сол. Некои луѓе јадат стоејќи, а други ништо не јадат цел ден, сочувствувајќи со распнатиот Исус. Во црквите се оставаат дарови на Распетието Христово, а цвеќе на „плаштеникот-оплакувањето Христово“. Секој што тука остава цвеќе зема друго и го носи дома за здравје.
Популарнo…
ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ
Традиционално и годинава Литијата со моштите на Свети Георгиј Победоносец ќе ја осветат Струга
Нестор Јаулески: Фасциниран од македонската традиција, на 45 години научив да правам накит од филигран
Емисијата ,,Не спомви имиња“ со Бато Деко повторно на Плеј радио од 1-ви Мај!
Каролина Гочева за Play radio: Годинава после долго време ќе промовирам поп албум
Елена Весова Колоска-Од професорка во Скопје до исполнет и креативен живот во струшко Луково
Facebook Коментари