Време- Сончево и топло со мала до умерена облачност и ветровито

- Македонија
273

Денеска ќе преовладува сончево и топло време  со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно на југоистокот ќе има услови за појава на краткотрајна изолирана нестабилност. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 22 до 29 степени. Утре ќе биде  умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта кон недела во западните делови ќе има повремен локален дожд. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 25 до 31 степен.

Извор: УХМР

Facebook Коментари