Лев банер Десен банер

Владата ја промовира дигитална верзија на Толковниот речник на македонскиот јазик

 По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик,  владата ја промовира  веб-платформата www.makedonski.gov.mk – дигитална верзија на Толковниот речник на македонскиот јазик.
,,Дигиталниот Толковен речник, со преку 100.000 зборови, им стои на располагање на сите што сакаат да го користат македонскиот јазик, граѓаните на Северна Македонија, нашите сонародници од севкупната македонска дијаспора и останатите заинтересирани поединци, научници и деловни луѓе во целиот свет.“ – напиша Заев.
Тој додава дека веб-платформата е во сопственост на граѓаните и ќе се надоградува од граѓаните, академската и научната заедница, и понатаму останува под стручен надзор и развој на Институтот за македонски јазик, а владата ќе го модерира техничкиот дел на процесот и да го одржува системот.
 Платформата понатаму ќе се развива заедно со сите научни работници, лектори, македонисти и други научници кои низ својата интердисциплинарна работа опфаќаат лингвистика, и кои ќе можат редовно да го ажурираат речникот, да го дополнуваат и менуваат, за истиот да расте и да се развива.
Strugaonline

error: