Турскиот амбасадор Секизкок во посета на Струга-Струга и околината имаат голем потенцијал за развој на туризмот и земјоделството

- Локални
528
Амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, Г-дин Хасан Мехмет Секизкок денеска е во посета на Струга.
Во рамки на посетата, тој оствари средба со градоначалникот Мерко.
,,Се разговараше за соработка меѓу двете земји, како и за поддршката на турската држава во различни области, како што се: образование, култура, туризам и други.
Г-дин Секизкок истакна дека Струга и околината имаат голем потенцијал за развој на туризмот и земјоделството и дека се подготвени  за инвестиции и нивната поддршка е отворена.“ – информираат од Општина Струга.
Градоначалникот Мерко посвети посебно внимание на Амамот во Струга и проектот за Саат кулата.
-Амамот е културно богатство, кое по секоја цена мора да се реконструира и да се отвори за граѓаните и посетителите.-потенцира Мерко.
Општина Струга е збратимена со три општини во Република Турција и постои тенденција за соработката во иднина да се зголемува.
Исто така, беше нагласено дека Општина Струга, со ТИКА (Турска агенција за соработка и координација) од Турција има добра соработка, со надеж дека оваа соработка ќе стане уште попродуктивна во иднина.
Strugaonline

Facebook Коментари