Од полноќ поевтинуваат бензините, а поскапува дизелот.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,50 денари. Цените на Еуродизелот (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар, а расте и цената на мазутот за 0,407 денари/килограм.
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 75 денари/литар
- Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 77 денари/литар
- Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68 денари/литар
- Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 67 денари/литар
- Мазут М-1 НС – 41,852 денари/килограм.
Facebook Коментари